Сеноќно бдение во Велес |
3.01.2017. | |
![]()
На 31 декември ноќта со почеток од 23 часот се отслужи сеноќно бдение во Велес. И оваа година насекаде се раширија молитвите упатени во храмот на Успението Богородично во градот Велес. На бдението служеа протоереј Ристе Јанушев, свештеник Љупче Миланов, свештеник Борислав Бобевски, свештеник Игор Пармачки, свештеник Ѓорѓе Лазов и ѓакон Никола Ѓорѓиевски. Верното христијанско стадо кое го имаше во многуброен број од ширум цело Повардарие, достојно и пристапи на Светата Причест, а на крајот сите заедно присуствуваа на една љубовна трпеза. |
< Претходно | Следно > |
---|