Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow 35 години Архиерејско служење на Митрополитот г. Петар
Sample Image Sample Image Sample Image
Sample Image
Sample Image
 
35 години Архиерејско служење на Митрополитот г. Петар

 

Sample Image

 

На 25. 12. 2016 г., во Неделата на Светите Праотци, празнувајќи го и споменот на Светиот Спиридон, Тримитундскиот Чудотворец, во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Битола, со Божествена Литургија беше одбележан јубилејот од 35 години Архиерејско служење на Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар.

Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан зеде молитвено учество на Литургијата, на која чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, во сослужение на архиереите: Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Неговото Преосвештенство Епископот Хераклејски г. Климент, архимандритот Нектариј (од манастирот Св. Наум Охридски), архимандритот Никола (од манастирот Св. Никола, Мариово), протоереј-ставрофор Јован Таковски, протоереј-ставрофор Никола Грамбозов, протоереј-ставрофор Благоја Станкоски, архиерејскиот намесник Димитар Михајловски, протоереите Трајче Петковски, Кирил Трајковски и Зоран Димовски, протоѓаконите Антонио Дујовски, Влатко Стоименов, Дени Насков и ѓаконите Драган Ѓорѓиевски, Гоце Делев, Јове Тренчевски.

Повеќе информации за овоj настан на сајтот на Преспанско-пелагониската епархија.

 
< Претходно   Следно >