Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Ракополагање на свештеник Ѓорѓе Лазов
Sample Image Sample Image Sample Image
Sample Image
 
Ракополагање на свештеник Ѓорѓе Лазов
14.12.2016.
 
Sample Image
 
Sample Image На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на светиот великомаченик Георгиј, во манастирот посветен на овој светител во Неготино, се отслужи Света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше митрополитот Повардарски г. Агатангел. На Божествената Литургија сослужуваа свештенослужители од велешкото и кавадаречкото намесништво на Повардарската епархија. На Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и го ракоположи во чин свештеник, досегашниот ѓакон, дипломиран теолог Ѓорѓе Лазов од Кавадарци. Во своето слово, Митрополитот Агатангел најпрво им го претстави новиот свештеник на присутните верници, а потоа изрече поука до новиот свештенослужител пред Престолот Божји, ревносно и совесно да ја чува и проповеда Православната вера и верно да Му служи на Господ Исус Христос и на својот македонски род.

Со празнична беседа, пред насобраниот народ во црквата се обрати протоерејот Воислав Ѓеоргиев. Поголем број од верниците кои молитвено ја проследија Литургијата се причестија со Светите Христови дарови.

 
< Претходно   Следно >