Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Чествување на Св. Климент во Македонската богословија
Sample Image Sample Image Sample Image Sample Image
 
 
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 
Sample Image

Се известуваат сите православни верници од градот Велес дека за време на Великиот Пост, Литургии на претходно осветени дарови, во деновите среда и петок (и празници во текот на неделите), ќе се служат во храмовите „Св. Кирил и Методиј“ и „Успение на Пресвета Богородица“, со почеток во 07.30 часот, а секој петок за време на Великиот Пост, ќе бидат служени и Акатисти со петолебие во истите храмови, со почеток во 17 часот.

 
 
Чествување на Св. Климент во Македонската богословија
7.12.2016.

 

Sample Image

 

Со голема Вечерна богослужба која се отслужи во црквата „Св. Вознесение Христово“ во Драчево започна чествувањето на свети Климент Охридски, патрониот заштитник и прв архиереј на Охридската архиепископија. На Вечерната чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј во присуство на Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф. Веднаш по соборната молитва присутните се упатија кон Богословијата „Свети Климент Охридски“, каде се одржа свечена академија. На неа најнапред професорот Илија Петров произнесе свечено слово за свети Климент, по што богословскиот хор, диригиран од професорот Игор Величковски одржа духовен концерт, а потоа беа доделени наградите за најдобри научни трудови и поетски творби на богословите. На крајот кон присутните се обрати и ректорот на Богословијата, митрополитот Повардарски г. Агатангел кој срдечно им се заблагодари на сите кои го помагаат успешното постоење на нашата Македонска Православна Богословија.

 

 
< Претходно   Следно >