Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Собор на свети Архангел Михаил
Sample Image Sample Image Sample Image Sample Image
 
 
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 
Sample Image

Се известуваат сите православни верници од градот Велес дека за време на Великиот Пост, Литургии на претходно осветени дарови, во деновите среда и петок (и празници во текот на неделите), ќе се служат во храмовите „Св. Кирил и Методиј“ и „Успение на Пресвета Богородица“, со почеток во 07.30 часот, а секој петок за време на Великиот Пост, ќе бидат служени и Акатисти со петолебие во истите храмови, со почеток во 17 часот.

 
 
Собор на свети Архангел Михаил
22.11.2016.

 

Sample Image

 

Sample Image На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на Светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни бестелесни, во црквата „Св. Архангел Михаил“ во селото Долни Дисан се отслужи Света Ахиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од кавадречкото архиерејско намесништво на Повардарската епархија.

На Литургијата присуствуваа голем број верници, кои се поклонија пред Светиот Архангел Михаил и молитвено го побараа неговото застапништво пред Бога.

На крајот на Литургијата верните се причестија со Светите Христови дарови. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот, свештениците и верниот народ се упатија во дворот на црквата, каде што беше извршен водосвет и беа осветени славските колачи.

 

За Небесната ерархија - Старец Клеопа - 1 дел         За Небесната ерархија - Старец Клеопа - 2 дел

 

 
< Претходно   Следно >