Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Настап на црковниот хор на меѓународен натпревар
Sample Image Sample Image Sample Image
ФОТО МАТЕРИЈАЛ ОД ОСВЕТУВАЊЕТО НА ЦРКВАТА „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО ВЕЛЕС
Sample Image
Sample Image
Sample Image
Sample Image
Sample Image
 
Настап на црковниот хор на меѓународен натпревар
12.10.2016.

Детските ангелски гласови на црковно - младинскиот хор

„Св. Кирил и Методиј“ повторно со високо одличје на меѓународно ниво

 

            „Запејте Му на Господа песна нова; похвала за Него

да се чуе во храмот на светиите“(Псалм 149, стих 1).

 

Sample Image

 

            Нашата постојана должност е да Му благодариме на Господа. Да Му благодариме за сѐ што ни подарил во нашите животи, да Му благодариме за Неговата неизмерна добрина, да Му благодариме за сите добрини со кои не овенчал нас, луѓето. Таквото наше благодарење, луѓето отсекогаш го искажувале преку песна, па дури и во Стариот Завет се вели: „Ќе му пеам на мојот Бог се додека постојам“ и уште: „Ќе го прославувам со тимпани и во оро, на труби и со свирки, се што дише да Го фали Господа“. А нашево литургиско благодарење во денешницава, незамисливо е без ангелските гласови на хорското пеење во нашиов град. Па велат, човек е многу лесно да се навикне на убавото.

            Зборувам за Црковно - младинскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ од градот Велес, кој уште од самото негово формирање во јануари 2012 година со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, донесе голема и позитивна промена за славата и велелепието во храмовите на нашиот град. Тие млади ангелски души постојано неуморно работејќи под менторство и водство на професорката Веселинка Маџарова - Андова, целосно предадени на својата потреба - да Му пеат на Господа, стануваат и неизбришлива трага и белег за едно време сегашно, како дел од процутот на Повардарската епархија во сите нејзини сегменти.

 

Sample Image

 

            Нашата благодарност и вредност за нивното предано работење постојано е во нашите души и срца, но убаво е кога за сето она што го работат тие, ќе посведочи и некој надвор од нашите граници, а таквото меѓународно сведоштво ќе биде запечатено и со признание за големиот труд и вредното работење.

            Во периодот од 29 септември до 04 октомври 2016 година црковно - младинскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес потпомогнат од Повардарската епархија и од Општина Велес, учествуваше на Меѓународниот натпревар во хорско пеење што се одржуваше во Херцег Нови - Р. Црна Гора, каде во конкуренција на триесетина хорови од целиот свет го освои високото ВТОРО МЕСТО, како и признанието од меѓународното жири за најкомплетен впечаток на овие млади ангелски гласови. Беше чест да се биде дел од таа Македонска делегација и не постојат зборови за да се опишат чувствата, восклиците и солзите на сите присутни во катедралниот храм во Херцег Нови, кои растреперени од појавата и прекрасните изведби на нашиот хор, не ги штедеа дланките со громогласни аплаузи за овие млади и чисти исконски душички.

 

Sample Image
 
Sample Image

 

            Голема беше радоста и на сите членови од жирито, кои исто така ликуваа пред вредната и посветена работа на диригентот - професорката Веселинка. И нејзината радост после настапот и доделувањето на наградите беше очигледна, зашто знаеше дека тоа е потврда на секојдневното залагање и трудот да ги излие тие детски гласови во една целина. А и дворот на црквата, која беше исполнета со многу луѓе, најсветло засветли во делот каде што беше Македонското знаме и песни. Фото апарати и камери од целиот свет ги фотографираа и снимаа моралните победници на ова натпреварување, а на сите нас ни беше гордост што сме Македонци и што имаме еден таков бисер долж Повардарието, кој што може рамо до рамо да се носи со хоровите од целиот свет.

            За крај само ќе посакам уште многу вакви признанија, уште многу награди и потврди на вредноста на вложениот труд, ќе посакам уште многу години постоење и украсување на славата и велелепието на Домот Господов со вашето прекрасно ангелско пеење.

                                                                        подготвил: свештеник Борислав Бобевски

 
< Претходно   Следно >