Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow 10 години на тронот на Повардарската епархија
Sample Image Sample Image Sample Image Sample Image
 
 
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 
Sample Image

Се известуваат сите православни верници од градот Велес дека за време на Великиот Пост, Литургии на претходно осветени дарови, во деновите среда и петок (и празници во текот на неделите), ќе се служат во храмовите „Св. Кирил и Методиј“ и „Успение на Пресвета Богородица“, со почеток во 07.30 часот, а секој петок за време на Великиот Пост, ќе бидат служени и Акатисти со петолебие во истите храмови, со почеток во 17 часот.

 
 
10 години на тронот на Повардарската епархија
10.10.2016.

 

Sample Image

 

Sample Image Sample Image На 09. 10. 2016 година, на денот кога Светата православна црква го чествува споменот на Светиот апостол и евангелист Јован Богослов, се навршија точно 10 години од повторното возглавување на тронот на Повардарската епархија од страна на Митрополитот Агатангел. По тој повод, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ се отслужи Света Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Агатангел, во сослужение на голем број на свештеници од сите архиерејски намесништва на епархијата. Молитвено присуствуваа и многу верни, кои со радост ги проследија прекрасните зборови на дел од присутните свештеници, кои подарувајќи му на Митрополитот Агатангел крст и панагија од сето негово патство му посакаа уште долги години на ваков плоден и ревносен начин да ја продолжи својата архипастирска дејност, застапувајќи го со своите молитви патството на Повардарската епархија, како и целиот македонски народ.

На многаја лета, Владико! 

 
< Претходно   Следно >