Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Ин мемориам - Протоереј-ставрофор Стојко Ристовски
Ин мемориам - Протоереј-ставрофор Стојко Ристовски
31.08.2016.

Sample ImageНа 30. 08. 2016 година, се упокои во Господа протоереј-ставрофор Стојко Ристовски, долгогодишен клирик и секретар на Повардарската епархија.

Митрополитот Повардарски г. Агатангел чиноначалствуваше со Заупокоената Литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, на која се принесоа молитви за покој на душата на протоереј-ставрофор Стојко Ристовски. По Литургијата беше извршено опело во кое сослужуваа повеќе свештенослужители од Скопската и Повардарската епархија.

- Протоереј-ставрофорот Стојко Ристовски како секретар од самото формирање на Повардарската епархија, сецело, со духовен вознес, беше оддаден на уредувањето на црквите и манастирите во Епархијата и при изградбата на Епархиската зграда. Тој многупати на своите плеќи го носеше целиот товар за благолепието и благосостојбата во Епархијата, истакна Митрополитот Агатангел.

Тој беше погребан во манастирот „Св. Архангел Михаил“ во село Теово, под чие ктиторство и се изгради овој манастир.

 Sample Image


 

 
< Претходно   Следно >