Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Групна крштевка на реката Бабуна

 
Sample Image

  • Се известуваат сите благочестиви христијани од Општина Неготино дека на ден 19. 08. 2019 година (ПОНЕДЕЛНИК), по повод празникот Преображение Христово, во храмот „Св. Атанасиј“ во Неготино ќе се отслужи Света Архиерејска Литургија со која ќе чиноначалствува Митрополит Повардарски г. Агатангел.

 
    
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 
Групна крштевка на реката Бабуна
18.07.2016.

 

Sample Image

 

Sample Image

Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, и оваа година Повардарската епархија организираше бесплатно групно крштевање во водите на реката Бабуна во Велес. На крштевката, која се одржа на 16. 07. 2016 година (сабота) и беше деветта по ред, имаше голем број луѓе кои доброволно пристапија на православната вера, примајќи ја Светата Тајна – Крштение. Бројот на оние кои пристапија кон Светата православна црква, оваа година изнесуваше 31.

Чинот на осветување на водите на реката Бабуна и Светата тајна - Крштение го извршија протоереј Борис Симоновски, свештеник Јованче Илиев и ѓакон Бобан Ѓорѓиевски.

Чинот започна во 10 часот, а најпрво беше извршен чинот огласување, во кој свештенослужителите ги повикаа сите оние кои дојдоа за да се крстат да се откажат од сатаната и  од сите негови дела и да се соединат со Христа. Потоа сите заедно го прочитаа Символот на верата за да покажат дека веруваат православно.Откако беа осветени водите на реката Бабуна, огласените беа помачкани со елејот на радоста и еден по еден влегуваа во реката Бабуна и во името на Отецот и Синот и Светиот Дух трикратно беа потопени, го примија Светото Крштение и станаа членови на Светата Православна Црква.

На истиот овој ден, четврта година по ред, се организираше групна крштевка и во водите на Тиквешкото езеро, каде со чинот на Светата Тајна Крштение началствуваше свештеникот Трајче Грозданов и покрсти 8 луѓе.

 

 
< Претходно   Следно >