Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Црковно-градителска дејност во епархијата
    
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 
Црковно-градителска дејност во епархијата
1.07.2016.

 

Sample Image

 

Иако, во изминатите неколку години се завршија неколку значајни градежни проекти во Повардарската епархија, како што се, пред се, иградбата на црквата „Св. Петка“ во Кавадарци, изградбата на црквата „Св. Козма и Дамјан“ во Велес, целосното реновирање на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, целосното реновирање на црквата „Св. Петка“ во Велес, изградбата на прекрасните конаци на Полошкиот и на Согленскиот манастир, конаците на манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино, реновирањето на внатрешноста на црквата „Св. Спас“ во Велес, целосното реновирање на манастирот „Св. Спас“ во Гевгелија,  сепак црковно-градителската дејност во епархијата продолжува со силно темпо и несмален изнтензитет.

Sample Image Во градот Велес, како седиште на Повардарската епархија, во завршна фаза се градежните дејства на параклисите „Св. Наум Охридски“, прв храм во Повардарската епархија посветен на овој наш духовен светилник, и „Св. Гаврил Велички“, прв храм воопшто на територијата на нашата држава посветен на овој наш светител од поново време. Потоа, во релативно брз временски период се привршува и изградбата на црквата „Св. Јован Крстител“ во новиот дел на Велес, а да споменеме дека се наоѓаме и пред осветување на можеби најголемиот црковно-градителски проект во Повардарската епархија, а тоа е импозантниот храм, посветен на семакедонските просветители Кирил и Методиј, во самиот центар на градот. Во велешкото архиерејско намесништво се градат уште неколку помали цркви во руралните места, а едно од позначајните е изградбата на вториот конак во Согленскиот манастир.

Во градот Кавадарци, по осветувањето на прекрасната црква „Св. Петка“, започна целосното реновирање на црквата „Св. вмч. Димитриј“, која се наоѓа во центарот на градот, во тек е изградбата на повеќе помали цркви во кавадаречките села, а продолжува и изградбата на новиот конак во Полошкиот манастир.

 Sample Image

 

Sample Image

 

Во градот Неготино, привршува фрескоживописувањето на црквата „Св. Атанасиј“, откако претходно беше извршено целосно реновирање на внатрешноста и на надворешноста на црквата.

Во Гевгелиското архиерејско намесништво, во моментов се изведуваат два капитални проекти, и тоа: изградбата на црквата во Валандово посветена на Рождеството на Пресвета Богородица, во самиот центар на градот и изградбата на црквата „Св. Атанасиј“ во центарот на Богданци, а покрај многуте започнати градби на помали цркви во гевгелсикиот крај, како значаен градежен проект би го издвоиле и градењето на нов конак во Серменинскиот манастир „Св. Илија“.

 

Sample Image
 

 

Sample Image
 
< Претходно   Следно >