Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Осветување на црква во Валандово
Осветување на црква во Валандово
30.05.2016.

 

Sample Image

 

Sample Image На 29 Мај 2016 година, (недела) во Неделата на Самарјанката, се изврши осветување на црквата при манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Валандово.  Чинот на осветување на црквата го изврши Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство од гевгелиското и велешкото намесништво на Повардарската епархија. На чинот на осветувањето, присуствуваа градоначалникот на Општина Валандово, г-дин Николче Чурлиновски, претставници на градските институции, како и многу други верници, кои го проследија чинот на осветување во благопријатна молитвена атмосфера.

По чинот на осветување на црквата, Митрополитот Агатангел отслужи и прва Света Божествена Литургија, а во текот на оваа седмица, исто така, секој ден ќе се служи Света Божествена Литургија во новоосветениот храм.

Црквата се изгради со средства на Повардарската епархија, како и со донации на верниците од Валандовскиот крај. При чинот на осветување на црквата, Митрополитот Агатангел додели благодарници на домаќините во манастирот, г-дин Симјон Георгиев и г-ѓа Гроздена Георгиева за нивната љубов и грижа за благолепието на манастирот, како и на г-ца Мартина Колева за прекрасниот фрескоживопис во Црквата.

 
< Претходно   Следно >