Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Храмова слава на Полошкиот манастир

 Sample Image
 

Возљубени,

Би сакале да Ве известиме дека од денес, 01. 06. 2022 година, документарно-биографскиот филм за Митрополитот Агатангел, „Печат на едно време“ можете да го гледате и на нашиот youtube канал.

  Линк до филмот: https://www.youtube.com/watch?v=TXOnztkGvT4


 

 

СЕМАКЕДОНСКИ ПРАВОСЛАВЕН СОБОР

 


 
Храмова слава на Полошкиот манастир
9.05.2016.

 

Sample Image

 

 Христос Воскресна!

Sample ImageСо благослов на Неговото Високопреосвештенство г. Агатангел, на 06. 05. 2016 година, на денот кога се чествува споменот на светиот великомаченик Ѓорѓи, се организираше посета на Полошкиот манастир на Тиквешкото езеро, чиј патрон е овој светител. Со Светата Литургија началствуваше свештеник Трајче Грозданов, кој го причести верното Христово стадо и сестринството на манастирот. Отецот воедно се произнесе и со пригодна беседа за оваа тројна празнична радост на светиот Георгиј, Животворниот и непресушен извор на Мајката Божја и Светлата Воскресенска радост. По осветувањето на славскиот колач, сестринството на манастирот грижливо нè собра на трпеза, а потоа и на обиколка на манастирскиот имот. Поткрепени од Светите Христови Тајни и монашката љубов на сестра Магдалена, го напуштивме манастирот и запловивме во тивките води на Тиквешијата.

За сајтот на Повардарската епархија известува Маја Везилка

 

 
< Претходно   Следно >