Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow За православната вера и живот... arrow Слово на Велики Петок
Слово на Велики Петок
30.04.2016.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

 

Ете дојде денот и дојде часот кога се се сврши и се заврши, помина судењето, поминаа страдањата, поминаа камшикувањата, поминаа плукањата, поминаа навредувањата, шлаканиците, хулењата потсмевувањата, распнувањето, прободувањето со копје. A Он,  Он ни оф не кажа, ни немојте не кажа, ни престанете не кажа, а само трпеше и на Отецот се молеше, но и тогаш, не за Него но за оние кои тоа Му го правеа велејќи: Прости им Господи незнаат што прават!!! Малкумина плачеа, малкумина коси кубеа и на земја паѓаа, повеќето се разбегаа и Го оставија. Но пак многумина во бесот свој се радуваа, но најмногу сатаната со неговите демони кои извикуваа од радост: Ете го синот Божји! Го убивме! сега царството е наше! онаа што ние неможевме да го направиме го направија луѓето.
И одеднаш нстана молк по целата земја, а Телото Негово облиено со крв и прекриено со рани, го симнаа од Крстот, Јосифа и Никодим, Го помазаа со мириси, во паштаница го обвиткаа, и во нов гроб го положија. Но можеа ли сите да молчат? Може ли мајка над детето свое да молчи гледајќи Го Таков? Срцето и душата од болка и се кинеа иако знаеше дека со Отецот е. А така и е, во Гробот е со телото во адот е со душата и на Престолот на Славата со Отецот и Духот Свој е. Не ги заборави Он ни оние кои не го дочекаа, вратите на пеколната темнина ги разруши и како Светлина се појави за да и таму им проповеда. И кратка беше радоста на демоните, но им остана уште еден ден тронка надеж.
И еве, и денес драги мои пак се соживуваме со истото , пак стоиме и ние пред гробот Негов гледајки Го изобразен на плаштаницата заедно со оние кои беа покрај Него. Со измешани чувства на тага, заради тоа што му го направија, со благодарност знаејќи дека тоа Он го направи за нас, со покајание и со солзи за нашите гревови, но и со огромна радост знаејќи дека утре Воскресна, дека смртта ја победи, дека гревовите на секого еден од нас врз Себе ги зема.... И тоа е саботата, радосната тага и таговната радост, денот помеѓу смртта и воскресението, денот кога молчи секоја твар, денот за почивка, денот во кој што Господ и кога Го создаваше светот и човекот почина, одкако виде дека се е добро. И овој ден откако уште едно дело иаврши- почина.
Угледајте се на Неговото смирение, угледајте се на Неговото трпение угледајте се на неговата Љубов која неизмерно ни ја дари и живејте го овој живот токму така, со смирение, со трпение и со огромна љубов кон Него и кон нашите блиски, доколку сакате и вие да бидете сонаследници на царството Негово. И секогаш кога сте во маки, какви и да се тие и колку и тешки да ви изгледаат, потсетете се на Велики Четврток потсетете се на Велики Петок и на Неговите маки и страдања и споредете ги со вашите, па тогаш нека ви текне и на смртта Негова но и на Воскресението Негово, бидејки сите ќе умреме но и сите ќе Воскреснеме. Нека е за многу години Амин.

Свештеник Драги Гаштарски

 
< Претходно   Следно >