Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Исповед на свештенството
    
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 
Исповед на свештенството
26.04.2016.
Sample ImageНа 22. 04. 2016, на покана и со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, пензионираниот свештеник, протоереј ставрофор Спасе Стефановски, изврши Света тајна Исповед на свештенството во Велешкото и Кавадаречкото намесништво од Повардарската епархија. Пред самиот чин на исповедта, тој пред свештенството ја произнесе следнава беседа:

Во името на Отецот и Синот  и Светиот Дух!

Еве, почитувани отци, и годинава, при крајот на Велигденскиот пост, со благослов на Повардарскиот митрополит, Неговото Високопреосвештенство г. Агатангел, се собравме во овој свет храм  на заедничка молитва, пред Нашиот Небесен Отец,  да го искажеме своето искрено покајание и од Него да посакаме прошка на досега направените од нас прегрешенија. Секако дека има што да Му покажеме на Семилостивиот Бог, зашто не дели цела година од минатогодишната заедничка исповед  и прошка на дотогаш сторените наши прегрешенија.

Токму затоа, реално е да се нагласи дека бремето на гревовен товар, создавано од ралични видови поголеми или помали прегрешенија од секаков вид, во периодот од една година, се зголемувало секојдневно. Затоа што времето во кое живееме е проследено со низа превирања и засилени искушенија, кои прават призвук на гревовна состојба во секој од нас, макар што секојдневно се трудиме да живееме со Бога, според  Божјиот закон и Евангелското учење.

Нашето сознание дека изворот на злото не исчезнува, туку се разлева насекаде и е во  паралелен чекор со секој христијанин, со цел да му го попречува стремежот за духовно растење, кој е основа  за остварување совршен и вечен живот, постојано не поттикнува на преиспитување на нашиот духовен и морален живот.  Искрено се запрашуваме: успеваме ли во континуитет да оствариме евангелски живот, кој ние, во нашата севкупна свештеничка дејност, им го проповедаме на православните христијани како најголема спасоносна вредност, или повремено се соочуваме со извесни осцилациии на тој план?

Притоа, поучувајќи ги верниците како да го изодат долгиот и тежок пат на вечниот живот - да го спознаат Бога, според зборовите на евангелистот Јован, кој вели:  „Вечен живот е тоа,  да те познааат тебе Единствениот вистински Бог и испратениот од Тебе Исус Христос“ (Јов. 17,3).

Еве затоа, драги отци, веруваме дека вие кои во моментов ѝ пристапувате на светата тајна Исповед, пројавувајќи ја вашата континуирана грижа за својот духовен напредок и напредокот на сите верници, од најмлад  до највозрасен и од најобичен до најобразован човек, член на нашата духовна паства, константно го навраќаме погледот кон себе, се разбира, и кон вашата пастирска дејност: Притоа, во деновите на Велигденскиот пост, проследен со интензивирани и невообичаени богослужби, кои, покрај другото, повикуваат на покајание и смирение, се запрашуваме дали тој ги исполнил критериумите на Евангелското учење и во мисли ги откривавте подкрадените грешки, кои колку и да се мали, речиси едвај забележливи, Баравте прошка во своите молитви. Зашто, ако преку покајанието не бидат отстранети  благовремено, ќе се напластуваат постепено и ќе го зголемуваат врз вас гревовниот товар.

Затоа, нека ми биде дозволено да нагласам дека смел и повеќекратно полезен е вашиот духовен и искрен покајнички израз и пристап кон светата тајна исповед. Зашто верувам, дејството на вашата искрена покајничка мисла во денешнава заедничка исповед, во овој свет храм, ја зголемува вашата меѓусебна  љубов  и ја воздигнува кон Бога. Со тоа ја зацврстува и продлабочува  и вашата духовна врска на чист меѓусебен христијански живот, кој по хоризонталата ве поврзува со поверената ви паства – верниците, а по вертикалата со Отецот Небесен.

Со тој духовен дострел, неопходен за нашето спасение и вечен живот во Царството Небесно, ја оправдуваме смислата на покајанието и исповедта на сопствениот грев, како верна придобивка за очистување на душата на од гревот. И не само тоа, туку и со личен пример  ги поучуваме верниците смело и безрезервно, со полна доверба со своите духовници да и пристапат на тајната Исповед, со што ќе ги очистат нивните души од  духовната нечистотија.  На тој начин и тие ќе го возобновуваат  и одржуваат во живот духовното врзивно ткиво на меѓусебен христијански живот во Христовата црква  и животот во заедницата со Бога.

Затоа, да не дозволиме на овој чин да ни биде формален, туку искрен  и со непоколблива одлучност дека нема да дозволиме да ни се повторат истите грешки, како во личниот и семејниот живот, така и со пастирската мисија, која е во насока за создавање соодветни услови за остварување на спасение на верниците. Секој наш пропуст, било од кој вид е на тој план, тоа вам несомнено ви е познато, носи голема духовна одговорност пред Бога. Значи неминовно е  покрај другото, за секогаш да го отсраниме од нас чуството на гневот, зависта, среброљубието, омразата, неправдата и т.н. Зашто тоа е пораката од нашиот Небесен Отец , Кој преку устата на пророкот Исаија вели: „Измијте се, исчистете се; иставете ги од очите Мои лошите дела свои; престанете да правите зло“ (Ис. 1,16).

Ајде, драги оци, смирено со израз на вистинско покајание, откако веќе ќе ги осознаеме своите прегрешенија што сме ги направиле со знаење или незнаење, под било какви околности, да ги отфрлиме од нас со нашето  длабоко покајничко коленоприклонето молитвено обраќање на Отецот Небесен за опростување на сите наши прегрешенија. И да искажеме непоколеблива надеж и вера дека врз основа  на тааа наша длабока покајничка воздишка, Духот на Неговото милосрдие кон нас, Неговите духовни чеда, ќе не исполни со очистителна радост и прошка на се што сме сториле до овој момент.

Затоа, нека во истиот миг го свртиме нашиот молитвен поглед кон Отецот Небесен и Му ја искажеме големата благодарност што не удостои со чисти срца да го дочекаме Неговото Светло Воскресение, денот на нашето и на сите луѓе што живеат според Божјиот закон- спасение. Амин!

Протоереј ставрофор Спасе Стефановски

 
< Претходно   Следно >