Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow За православната вера и живот... arrow Сите ние Му служиме на ист Бог
Сите ние Му служиме на ист Бог
27.12.2007.

 Разговарајќи на оваа тема со пријатели и познаници, следнава парабола може да ни послужи за разјаснување на нашите мислења.

Навистина постои само еден вистински Бог, како што потврдува Светото писмо и нашата света православна Црква, но не сите Му служат Нему; ниту пак се работи за различни луѓе кои го нарекуваат со различни имиња, како што некои претпоставуваат. Во разни цитати од Стариот и Новиот завет, Он ни се опишал Себеси онолку, колку што можеме ние да сфатиме; овие описи исклучуваат многу од атрибутите коишто, на пример, хиндусите и други Му ги припишуваат Нему.         Исто така Он стана човек заради нас во времето и просторот, и ни даде учења за Неговата личност и Неговиот однос со Отецот и Светиот Дух (па така, знаеме дека Он е еден Бог во Троица). Па, како што кажавме, знаеме дека постои само еден вистински Бог и дека Он има одредени препознатливи карактеристики.

На истиот начин, постои само еден отец Никита Паласис во цела вселена. Тој е уникатен, бидејќи, веројатно, само тој си има своја уникатна ДНК и други уникатни карактеристики. А сега – парафразирајќи го примерот на отец Михаил Азкул – претпоставете дека сакате да го сретнете отец Никита и барате од мене да ви го опишам. Ако јас ви кажам дека тој е висок околу 2 метри, тежок околу 100 килограми, има црвена брада, зелени очи, и зборува само свахили со француски акцент, и живее во Ломпок, Калифорнија, ќе можете ли да го лоцирате и да го сретнете – ако го земете мојот опис за точен?

Sample Image

На сличен начин, ако прифатите лош опис за Бога како точен, ќе можете ли да Го најдете и да Го познаете? На пример, ако некој ви каже дека Бог ги почитува луѓето кои се самоубијци-бомбаши и кои убиваат невини мажи, жени и деца; или дека Он одобрува „одмаздничко убивање“ на жени; или дека Он ги реинкарнира луѓето како мачки, кучиња или риби; или дека Он е тибетски монах и Он учи дека ништо нема никакво значење; или дека Он е Голема Тиква Која лета кон небото од светата градина на ноќта на вештерките – ќе можете ли некогаш да го најдете вистинскиот Бог? – ако верувате во било кој од овие лажни описи за Него?

Во црковната терминологија, овие лажни описи се наречени „ереси“.

Понатаму, важно е да се знае дека, во учењата на нејзините светители, православната Црква – за разлика од римокатолицизмот и протестантизмот од западна Европа – не се обидува да ликвидира или осуди на смрт личности кои не се согласуваат со учењата на Црквата. Свети Јован Златоуст, еден од најзначајните проповедници на Црквата, нè учи на следново:

„Јас не го гонам еретикот телесно, но војувам против него со зборови – па дури и не против еретикот, туку само против ереста; јас не го презирам човекот, јас ја мразам заблудата, и се обидувам да го извлечам од неа... Јас сум навикнат да бидам гонет, а не да гонам други... Така триумфираше Христос; Он не распнуваше, туку попрво Он беше распнат. Он не ги удираше другите, туку Он Самиот беше удиран. (PG 50, 701)

 

 

Превод од англиски јазик

Изворник: www.homb.org

 
< Претходно   Следно >