Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Великопосен концерт
    
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 
Великопосен концерт
11.04.2016.

 Sample Image

Sample Image На 09. 04. 2016 година, во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес се одржа Великопосен концерт на црковниот младински хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес, со кој раководи диригентката Веселинска Маџарова - Андова. Овој концерт се одржува трета година по ред во чест на најторжествениот настан во животот на Мајката Црква, а тоа е Воскресението Христово. Како и минатата година, на овој прекрасен црковен настан присуствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, речиси целото свештенство на Повардарската епархија, како и голем број присутни кои ги проследија велелепните звуци на нашиот младински хор. Во рамките на Великопосниот концерт беа изведени единаесет композиции, поделени во три дела, во кои покрај нашиот хор, како солисти настапија и свештениците Мики Миовски и Борислав Бобевски, а годинава велелепноста на ова прекрасно духовно и музичко збиднување беше збогатена и со настапот на нашиот црковен хор од Кавадарци Св. вмч. Димитриј, кој работи под водство на диригентот Драган Велковиќ. На почетокот на Великопосниот концерт пред присутните слово изрече и Митрополитот Агатангел, кој го благослови го овој настан.

 
< Претходно   Следно >