Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Крстопоклона недела
    
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 
Крстопоклона недела
4.04.2016.

 

Sample Image

 

Sample Image

Sample Image На 03. 04. 2016 година, Трета Недела од Велигденските Пости - Крстопоклона, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештеници од Повардарската епархија отслужи Света Архиерејска Литургија. Литургијата беше отслужена во манастирот „Свето Вознесение Христово“ во Гевгелија. 

Митрополитот Агатангел и свештенослужителите го изнесоа светиот Крст од олтарот и го поставија во средината на храмот - извршувајќи поклонување на чесниот Крст. Потоа и сите присутни верници пристапија кон поклонување и целивање на светиот Крст, а Митрополитот на секој верник му даруваше китка босилек.

Во третата Недела од Воскресниот пост се поклонуваме на Чесниот и Животворниот Крст Господен, кој нè укрепува во деновите на жалост, потсетувајќи нè на бесконечната љубов на нашиот Спасител, Кој прими крстни страдања заради нас грешните. Оваа Недела се нарекува »крстопоклона« и се одликува со тоа што Крстот се изнесува на средината на храмот за поклонение.

 
< Претходно   Следно >