Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Вечерна богослужба, Гевгелија
    
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 
Вечерна богослужба, Гевгелија
16.02.2016.

 

Sample Image

 

Колку е убавo и колку е мило кога браќата живеат заедно!

Тоа е како миро врз главата што се лее по брадата,

брадата Аронова, што се лее по полите од одеждата негова;

како роса ермонска, која паѓа на горите Сионски,

зашто Господ дал благослов и живот вечен. (Псалм 132)

 

Колку само се радува душата кога ќе го доживее исполнувањето на овие Давидови зборови. Свештеничкото братство од Гевгелиското Архиерејско Намесништво при Повардарската Епархија на 15.02.2016 година во манастирот „Свето Вознесение“ (Свети Спас) во Гевгелија беше собрано на Вечерна Богослужба. На Вечерната Богослужба служеше свештеникот Крсте Наков од село Стојаково во сослужение со свештениците Љупче Миланов од Гевгелија и Димче Ставревски од Богданци, додека останатите свештеници беа на певницата и со велелепно пеење придонесоа да се прославува Името Господово. По завршувањето на богослужбата со пригодно слово до свештениците се обрати свештеникот Крсте Наков кој во името на сите свештеници, на свештеникот Љупче Миланов му ја честиташе десет годишнината од неговото ракополагање во свештенички чин.

 
< Претходно   Следно >