Литургија и освет на камен темелник |
1.12.2015. | |
На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на Светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни бестелесни, во црквата „Св. Троица“ во Росоман се отслужи Света Ахиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од кавадречкото архиерејско намесништво на Повардарската епархија. На Литургијата присуствуваа голем број верници, кои се поклонија пред Светиот Архангел Михаил и молитвено го побараа неговото застапништво пред Бога. На крајот на Литургијата верните се причестија со Светите Христови дарови. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот и свештенството се упатија во селото Рибарци каде што се освети камен темелник за нова црква посветена на Св. Ѓорѓи Победоносец. За Небесната ерархија - Старец Клеопа - 1 дел За Небесната ерархија - Старец Клеопа - 2 дел |
< Претходно | Следно > |
---|