Освет на камен темелник за нова црква |
16.11.2015. |
На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на светите маченици и бесребреници Козма и Дамјан, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе свештенослужителите од Велес изврши осветување на камен темелник за нова црква, посветена на Воскресението Христово во велешкото село Милино. На светиот чин на поставување и осветување на камен темелникот на новиот храм присуствуваа голем број жители на ова село кои со радост го поздравија отпочнувањето на градбата на новиот храм. Црквата ќе се гради со средства на Повардарската епархија, како и со доброволни прилози на нашиот благочестив македонски народ.
|