Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Житија на Светители
7.07.2004.

 

КРАТКО  ЖИТИЕ НА СВЕТИ ВЕЛИКОМАЧЕНИК   ДИМИТРИЈ


 

                                                        Sample Image


 Овој славен и чудотворен светител се родил во Солун од благочестиви и благородни родители. Измолен од Бога, од бездетни родители, Димитриј беше нивен син единец, и поради тоа бил однегуван и воспитан со голема родителска грижа.



 

Неговиот татко бил солунски војвода; па кога умрел, царот го поставил светиот Димитриј за војвода на татковото место. Поставувајќи го за војвода, христоборецот Максимијан особено му препорачал да ги гони и истребува христијаните во Солун. Но светиот Димитриј не само што не го послушал царот, туку напротив, јавно го исповедал и проповедал Христа во Солун. Слушајќи за ова царот многу се огорчил на св.Димитриј, па затоа еднаш кога се враќал од борба против Сарматите, намерно свратил во Солун за да ја испита работата. Го повикал својот војвода – св. Димитриј и го испитувал за верата. И тогаш, светиот Димитриј, јавно пред царот  изјавил дека е христијанин, а притоа и го изобличил царевото идолопоклонство. Разјарениот цар го фрлил св. Димитрија во темница. Знаејќи што го очекува, св. Димитриј го врачил целото свое богатство на својот верен послушник Луп, за да го раздаде на сиромасите, а потоа вессел пошол во темница, зашто му претстоело страдање за Христа Господа. Во темницата му се јавил ангел Божји и му рекол: ,,Мир на тебе, страдалниче Христов, зајакнувај и крепи се!“ . После неколку дена, царот пратил војници во темницата за да го убијат св. Димитриј. Војниците го нашле светителот Божји на молитва и го избоделе со копја. Неговото тело го земале христијаните и чесно го погребале. Од телото на маченикот Христов потекло исцелително миро, со кое многумина болни се излекувале. Многу скоро после тоа над моштите била подигната мала црква во спомен на св. вмч. Димитриј.

 

Некој илиријски големец (велможа) Леонтиј бил болен од неизлечлива болест. Тој дошол до моштите на св. Димитриј со молитва и бил целосно исцелен-излекуван. Од благодарност кон светителот и кон Бога, Леонтиј подигнал многу поголема црква на истото место, а за возврат светителот Божји му се јавил на два пати.

 

Кога царот Јустинијан сакал да ги пренесе моштите на светителот од Солун во Цариград, од гробот излегле пламени јазици и се чул глас: ,,Запрете, и не допирајте!“. И така моштите на св. Димитриј засекогаш останале во Солун. Како заштитник на градот св. Димитриј многупати се јавувал и го спасувал градот од големи беди.

 

На неговите чуда им нема број.

Св. вмч. Димитиј Русите го сметаат и за покровител-заштитник на Сибир.

 

  ОЧЕ СВЕТИ ДИМИТРИЈЕ МОЛИ ГО

 

               БОГА ЗА НАС !                              



 
< Претходно