Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Освет на камен темелник за нова црква, Валандово
 
Sample Image
 
    
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 
Освет на камен темелник за нова црква, Валандово
18.05.2015.

 

Sample Image

 

Sample ImageВо неделата на Слепиот се отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на светиот великомаченик Димитриј во градот Валандово. На Литургијата чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Дебарско кичевски г. Тимотеј и бројно свештенство од Повардарската, Скопската и Дебарскокичевската епархија. На Литургијата молитвено преисуствуваа голем број верници од Валандово, Гевгелија и околните места. По завршувањето на Светата Литургија, Неговото Блаженство, г.г. Стефан заедно со Митрополитите, свештенослужителите и верниот народ се упатија во центарот на Валандово, каде што се изврши осветување на камен темелник за нова црква, посветена на Рождеството на Мајката Божја. Оваа црква ќе се гради по 185 години од последниот изграден храм во овој град, кој е посветен на св. вмч. Димитриј. Црквата ќе се гради со средства на Повардарската епархија и Општината Валандово, чијшто градоначалник гдин Николче Чурлиновски направи особен напор во обезбедувањето на одличната локација на новиот храм. Новиот храм се гради според архитектонско решение на архитектот Благој Здравев од Штип, а техничката изведба на објектот ќе ја изврши компанијата „Џови“ од Струмица. 

 
< Претходно   Следно >