Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow За православната вера и живот... arrow Светотаинствениот или мистичниот живот на Црквата
Светотаинствениот или мистичниот живот на Црквата
29.11.2007.

Текстот е извадок од книгата „Да се живее со Светата Литургија“ - од издаваштвото на мисионерско - хуманитарната дејност „Ѓаконија“



 

Во телото на Црквата сме примени преку светото Крштение во кое го отфрламе грешниот живот и одделеноста од Бог, и се соединуваме со Христа. Кога се приклучивме на Христа, ние се ослободивме од состојбата на одделеност од Бога, зашто кога сме крстени имаме можност повторно, со Божја помош, да го започнеме растењето во “Образот (иконата) Божји”. Бидејќи примивме свето Крштение, ништо повеќе не нè попречува да почнеме да ги остваруваме нашите човечки можности, односно да станеме она што би требало да бидеме, да станеме “слични на Бога” т.е. “потполн човек”, кој како повеќе сака тоа да го нарекува. Тогаш состојбата на одделеност на Sample Imageчовекот од Бог, која ја нарекуваме “првобитниот грев” е надвладеана. Светата тајна Крштение е пат по кој спасението во Бога станува достапно на секој човек, а светата тајна Крштение е начин на кој се одзиваме на она што Бог го стори за нас. Во Крштението Бог ни ја испружи својата рака и крштевајќи се, ние цврсто се фаќаме за таа рака.

Секако, Крштението е само почеток на патот на христијанското растење. Потребно е духовно образование и борба, а мора да се бориме и да ги победиме нашите грешни навики. Ќе користиме помош од многу средства за да го оствариме нашето назначение, односно за да растеме во боголикоста.

Суштински аспекти на секој христијанин се молитвата, постот, “Исусовата молитва”, читањето на Светото Писмо и на други духовни книги, борба против сопствените пороци и развивање на доблести, како и зголемување на нашата љубов кон Бог и кон нашите ближни. А сето тоа е веќе дел од вистинскиот “христијански живот”. Како христијани ние сме оние кои со Крштението припаднале на Бог, а пSample Imageоследица на тоа припаѓање е нашиот влез во христијанскиот живот на духовното растење и развој.

Кога (по светата тајна Крштение) ќе почнеме вистински да растеме во Образот (иконата) Божји, другите свети тајни стануваат само продолжеток на тоа растење. Светата тајна Миропомазание, во Православната Црква, по правило, скоро секогаш е поврзана со светата тајна Крштение: во неа ни се дава печат на дарот на Светиот Дух. Ако Крштението го отворило патот за нашето духовно растење, Миропомазанието ни го дава неопходниот дар и сила за тоа растење и ние почнуваме да го чувствуваме присуството на Светиот Дух во себе. Затоа, веќе крстените преобратени  обично се примаат во Црквата само со извршување на светата тајна Миропомазание. Светата тајна Свештенство, светата тајна Брак, светата тајна Елеосветување (преку која Црквата ги лечи телесните и духовните болести) и светата тајна Исповед и Покајание (преку која Црквата дава простување на гревовите сторени по Крштението), опфаќаат сосема одредени аспекти на христијанскиот живот.

Во светата тајна Свештенство, Светиот Дух им дава дар и сила на избраните да и служат на Црквата како ѓакони, свештеници и епископи. Во светата тајна Брак, Црквата ја осветува и благословува врската на маж и жена Sample Imageкако брачници со дарот на Светиот Дух за создавање на нови заедници - “домашни Цркви”. Во светата тајна Елеосветување, Црквата ги лечи нашите физички и духовни болести и слабости со Божјата исцелителна благодат и присуство. Во светата тајна Покајание и Исповед Црквата ни дава простување на нашите гревови и промашувања, сторени на патот на растењето во Образот и Подобието Божјо, нè учи како да го исправиме својот живот и ни дава духовно раководење. Преку светите тајни ние добиваме насочување и закрепнување за понатамошен христијански живот.

Во секоја од овие свети тајни ние даваме и добиваме. Доаѓајќи пред Бога и барајќи Негов благослов и благодат преку Светите Тајни, ние признаваме дека ни е неопходна Неговата помош, поддршка и присуство, а исто така го славиме и присуството на Божјиот Свет Дух Кого го примаме преку светите тајни. Во светите тајни “Духот нè поткрепува во нашите немоќи” (Рим. 8, 26).

Меѓутоа, постои една света тајна која, заедно со Крштението, го покрива целиот наш христијански живот, а таа света тајна е позната како света тајна Евхаристија, света Причест, “Тајна Вечера” или “Господова Вечера”. Таа зазема единствено место во животот на православните христијани, што е очигледно од фактот дека таа за Црквата е централен и првенствен чин на богослужението, бидејќи во секоја црква, секоја недела и на празниците се служи за сите собрани христијани.

И ние особено во оваа света тајна гледаме што значи да се биде члеSample Imageн на Црквата, што значи да се расте во Образот и Подобието Божјо, што значи да се сака Бог и нашите ближни, и што значи постојано да се прима дарот на Светиот Дух во нашиот живот. Во светата тајна Евхаристија како причесници го примаме Живиот Бог во нашите животи на најреален (највистински) начин и со тоа ја потврдуваме нашата волја да бидеме - во мислите, во желбите, во волјата и во дејствувањето - единствено со Бог, како и нашето единство со Него.

Соединувајќи се со Бога преку светите тајни и примајќи ја преку нив Неговата Божествена сила и отповикувајќи се на неа, ние живееме “светотаински живот” или “мистичен живот во Христа”. Во суштина, светотаинствениот живот пред сè е соединување на нашиот христијански живот со Бог. Од една страна, светотаинствениот живот ни ги дава Божјата благодат, активното дејство и присуство Божјо, кои ни даваат сила и нè поттикнуваат да ја извршиме задачата на остварување на Образот и Подобието Божјо во нашите животи. Од друга страна, светотаинствениот живот е нашиот најважен одговор на она што Бог го стори за нас. Со учествувањето во светите тајни ние потврдуваме дека сме “род избран, царско свештенство, свет народ” (1. Петр. 2, 9). Меѓутоа, целиот круг на богослужение е повеќе од примање на Благодатта и од одговорите на благодарниот народ. Тоа особено важи за светите тајни, зашто нашиот светотаинствен живот е:

“Жива реалност полна со ,мистична присутност’ на Бог, која се обновува и продолжува за нас во Божествената Литургија и во другите свети тајни, во празниците на црковната година и во другите црковни служби” .

Писателот на овие редови, Евангелос Д. Теодору, професор по богословие на Атинскиот универзитет, понатаму вели дека преку светотаинствениот живот во Православната Црква ние се распнуваме со Христа, како и тоа дека верните особено преку светата Причест мистички се соединуваат со Христа, постануваат со Него “едно тело” и “една крв”, “христоносни” и “богоносни”. На тој начин, потполно свесното живеење на содржината на нашето православно богослужение, не подразбира ништо друго, туку токму нашето учествување во Христовиот мистички живот и во богатите дарови произлезени од спасителното дело на нашиот Господ.Sample Image

Ние почнуваме да живееме светотаинствено и мистично тогаш кога светите тајни ќе постанат место на нашето општење со Бог, фокус на нашето соединување со Бог и растење во Неговиот Образ и Подобие.

Пред шест векови, во четиринаесеттиот век, солунскиот епископ Никола Кавасила, напишал книга за светотаинствениот живот “Живот во Христа”, каде светите тајни ги нарекол “Небесни Двери”, зборувајќи за нив на многу впечатлив начин:

“Учесниците во светите тајни повторно се раѓаат и повторно се создадени, и на единствен и исклучителен начин се присоединети и соединети со Спасителот. Ова извонредно дело на светите тајни е она што свети апостол Павле го имал на ум кога на Ареопагот им проповедал на Атињаните дека “ние преку Бога живееме, и се движиме, и постоиме” (Дела 17, 28). И навистина Крштението му го дава на човекот неговото битување и живот во Христа. Светата тајна Крштение ја прима човек кој е изобличен од грев и кој е духовно мртов, и таа го воведува во нов, духовен, христолик живот. Миропомазанието следува веднаш по Крштението и на новокрстениот му дава дарови и сила неопходна за живот во Христа. Светата Евхаристија го одржува и го поддржува овој духовен живот и здравје, зашто ,лебот на животот’ ни дава сила да живееме со вистински живот. Така, примајќи го на почеток со Крштение нашето духовно битување, живееме и понатаму преку светата Евхаристија, а благодарение на Миропомазанието се придвижуваме на (христијанско) дело” .

Значи, светотаинствениот живот е суштината на поимот “христијанин”, но, како што видовме, светата Евхаристија е најважна Света Тајна. Во оваа книга треба да научиме како најпрактично и најуспешно да го оствариме светотаинствениот став кон животот преку светата Евхаристија како централна света тајна на црковниот живот.

Особено ќе се обидеме да откриеме како може Божествената Литургија за еден урбан, образован, православен христијанин на дваесеттиот век да стане важно, суштинско и животодавно искуство. За светата Евхаристија навистина да постане смислена како извор на Божјата Благодат и како наш одговор на тој дар, како и знак на нашето членство во Божјото Царство, ние сега мора накратко да го насочиме нашето внимание на разбирање на местото на Евхаристијата во Црквата. Со други зборови, ние мора да стекнеме јасно сфаќање на учењето на Православната Црква  за светата тајна Евхаристија.

 
< Претходно   Следно >