„Света Троица” - Росоман и „Св. Ѓеоргиј” - Сирково |
28.11.2007. | |
село Росоман
- централна парохиска црква „Света Троица”. Изградена е во 1990 година, од страна
на Иницијативен одбор за градба од село Росоман. Осветувањето на камен темелникот
го има извршено блажено упокоениот архиепископ г.г. Михаил, како надлежен митрополит
во Повардарската епархија. Со помош на митрополитот повардарски г. Агатангел и неговото
доаѓање се сменија престолните икони, апостолите, дверите, чиј иконописец е Златко
Александарски. Со благослов и помош на митрополитот се направи владички стол во
средината на црквата и мал владички стол во олтарот, се направи престол за служење,
се направија ѓаконикот и жртвеникот. Олтарниот дел е фрескоживописан од страна на
уметникот Светозар. Црквата „Св. Троица“ е осветена на 28.10.2007 год. од Неговото
Високопреосвештенство Митрополит Повардарски г. Агатангел.
село Сирково
- цркви „Св. Георгиј” - стара и нова. Старата црква „Св. Георгиј” е изградена во 1938 година. Не е фрескоживописана, но е осветена. Постоела камбанарија која подоцна е срушена од страна на еден од мештаните, кој подоцна загинува од гром. Во 2006 година, наново е препокриена со нови ќерамиди. На само 50 метри од оваа црква, во 1990-тите години е изградена нова црква која исто така го носи името „Св. Георгиј”. Црквата е фрескоживописана. Осветена е на 11. 11. 2007 год. од Неговото Високопреосвештенство Митрополит Повардарски г. Агатангел.
![]() ![]()
|
< Претходно | Следно > |
---|