19.01.2015. |
Ден пред големиот христијански празник Богојавление - Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет. Оваа година осветувањето на водите се изврши во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, каде Митрополитот Повардарски г. Агатангел присуствуваше на Светата Златоустова Литургија, а потоа во сослужение на присутните свештеници ја освети водата за здравје и спасение на верниците.
|