Сеноќно бдение |
2.01.2015. | |
„Господи, го засакав живеалиштето на Твојот дом и местото каде што пребива славата Твоја“ (Псалм 25, 8) И оваа година, по третпат, ни омиле живеалиштето на Господовиот дом, Успенскиот храм на Пресвета Богородица во Велес. Повторно, и годинава, ние присутните бдеевме и се подготвувавме достојно да го пречекаме новороденчето Христос, Кое немирно игра во утробата на Пресветата и чека да се роди. Храмот беше полн со верното Христово стадо од ширум цело Повардарие. На Светата Божествена Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство г. Агатангел, во сослужение на отец Драги Гаштарски, отец Игор Пармачки и јеромонасите, отец Атанасиј и отец Паисиј од Серменинскиот манастир „Св. пророк Илија“. На Литургијата, Неговото Високопреосвештенство благоволи и го произведе во чин – чтец, студентот на теолошкиот факултет Александар Стеваноски. На крајот сите присуствувавме на пригодна трпеза, која топло ни ја приреди настојателството на Успенскиот храм. Христе Боже, Ти дозволи нашите души да се припремат за Твоето рождество. Биди посреди нас, и Слава Ти! За сајтот на Повардарската епархија известува Маја Цаневска - Везилка |
< Претходно | Следно > |
---|