Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Соопштение
Соопштение
26.12.2014.

 

Sample Image

 

Возљубени браќа и сестри!

Sample Image Со огромна тага и голема болка во душата би сакале да Ве известиме дека на 26 декември 2014 г., некаде околу 10. 00 часот, изби пожар во црквата „Св. Атанасиј“ во Општина Богданци, при што целосно изгоре кровната конструкција на црквата, и поголем дел од внатрешноста на црквата.

Причините за избувнувањето на пожарот сé уште не се целосно познати, но се претпоставува дека можна причина за пожарот е дотраената електрична инсталација. Од утрово, претставници од надлежните државни институции, почнаа да работат на утврдување на точните причини за избувнување на пожарот.

Централната парохиска црква „Св. Атанасиј” била изградена во првата половина на XIX век, а во минатото неколку пати била обновувана. Црквата беше делумно живописана, и тоа во горните делови од централниот кораб, чии фрески потекнуваат од XIX век. Иконостас, со стари царски двери, изработени во резба со мотиви од растителен и животински свет, како и стари икони, е исто така со потекло од XIX век.

 
< Претходно   Следно >