Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Прослава на патронот во епархискиот параклис
Прослава на патронот во епархискиот параклис
8.12.2014.

 

Sample Image

 

Sample Image Прославата на патронот на Македонската Православна Црква, Свети Климент Охридски, во Повардарската епархија започна со Вечерна богослужба која се отслужи во епархискиот параклис, посветен на Свети Климент Охридски. На Вечерната богослужба чиноначалствуваше протоереј-ставрофор Славе Јованов во сослужение на протоереј Киро Ристов и протоѓакон Влатко Стоименов, а во присуство на Митрополитот Повардарски г. Агатангел. Голем број верници беа присутни на Вечерната Богослужба и молитвено се поклонија пред Светителот - заштитник на Mакедонската Православна Црква и нејзините верни чеда.

По завршувањето на Вечерната Богослужба, Протоѓаконот Влатко Стоименов имаше кратко излагање за значењето на Свети Климент за македонскиот народ и Македонската Црква, а потоа беа прекршени славските колачи и беше послужена трпеза на љубовта.

На самиот ден на празникот на патронот на Македонската Православна Црква, Свети Климент, во епархискиот параклис беше отслужена Света Божествена Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше протоереј-ставрофор Славе Јованов во сослужение на отец Драги Гаштарски и протоѓакон Влатко Стоименов.

 Патронот на Македонската црква, Свети Климент, торжествено се прославува низ сите наши духовни светилишта, а централната прослава е во Скопје, најпрво со Вечерна богослужба во Mакедонската богословија, а на самиот ден на празнувањето со Божествена Литургија во Соборниот храм на Македонската црква посветен на Св ети Климент.

 
< Претходно   Следно >