Преосветување на Божји престол и иконостас |
24.11.2014. |
На ден 23. 11. 2014 година (недела), се изврши чин на преосветување на Божјиот престол на Светиот олтар и иконостасот на црквата „Свето Вознесение Христово“ во Велес. Преосветувањето на црквата го изврши надлежниот Митрополит на Повардарската епархија г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство на Повардарската епархија. По извршувањето на чинот преосветување, беше отслужена Света Божествена Литургија. Преосветувањето на олтарот и иконостасот на црквата следеше по извршеното обновување на храмот. По преосветувањето, Митрополитот Повардарски г. Агатангел изрече кратко слово во кое им заблагодари на сите оние кои со свои доброволни прилози, како и со својот личен труд го помогнаа обновувањето на овој храм, а потоа им подели благодарници и икона на Светото Вознесение Христово.
|