Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Се реновира црквата „Св. Спас“ во Велес
Се реновира црквата „Св. Спас“ во Велес
11.11.2014.

 

Sample Image

 

Sample Image Црквата „Свето Вознесение Христово – Св. Спас“ во Велес се наоѓа во фаза на реновирање.  Со оваа фаза на обновување се опфатени: промена во боите на иконостасот и целокупната дрвенарија во црквата, целосно обновување на патосот во олтарот со поставување на подно греење, смена на прозорите, како и мермерно обложување на престолот.   

Целосната реконструкција е со донации од  неколку велешки фирми и тоа: Месната индустрија „АГРИА“, млекарата „МИЛКОМ“, печатницата „1ва КНИГА“, Драган и Иван Лепојевиќ, како и други верни чеда кои со својот труд несебично се вградија во обновувањето на ова православно светилиште. Се работи еден месец и до крајот на овој месец треба да се завршат изведувачките работи по што ќе се изврши преосветување на црквата. Во меѓувреме  во црквата „Св. Спас“ се одржуваат сите  црковни служби, единствено овие три седмици нема литургии.

По завршувањето на оваа фаза на обновување на внатрешноста на црквата, ќе започне и обновувањето на нејзиниот надворешен лик, па затоа ги повикуваме сите наши браќа и сестри  кои сакаат да го помогнат овој проект да го контактираат старешината на оваа црква, протоереј Горан Панзов на моб. 070 570 061.  

 
< Претходно   Следно >