Осветување на камен - темелник |
5.11.2014. | |
На 05. 11. 2014 година се изврши осветување на камен-темелник на нови административни простории со крстилница и параклис, посветен на Охридскиот чудотворец, Св. Наум во Велес. Осветувањето на камен-теменикот го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на целото свештенство од велешкото архиерејско намесништво. Параклисот, кој се гради во непосредна близина на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, ќе биде првиот храм посветен на овој светител во Повардарската епархија. Параклисот и административните простории ќе се градат со средства на Повардарската епархија, а за овој значаен и богоугоден проект се замолуваат и сите верници со свои донации да се вградат во неговата изградба.
|
< Претходно | Следно > |
---|