Групна венчавка во Велес |
20.10.2014. | |
На 18. 10. 2014, ден сабота, во соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон” во Велес, се одржа седма по ред групна венчавка, на која 5 двојки ја крунисаа љубовта со Божји благослов. Со молитва за здравје, потомство и мирна и совршена љубов се до судниот ден, тие го добија Божјиот благослов за својот брак. Кумови, деца, внуци, пријатели и голем број посетители го исполнија храмот. Чинот на Светата тајна – брак го извршија Протоереј Борис Симоновски, свештеник Мики Миовски, свештеник Борислав Бобевски и свештеник Игор Пармачки. Господ нашиот Бог, по застапништвото на Пресветата Владичица наша Богородица, на нововенчаните брачни парови да ги утврди нивните домашни цркви и да ги утеши во староста.
|
< Претходно | Следно > |
---|