Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Започна изградбата на храмот „Св. Наум“
 
Sample Image
 
    
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 
Започна изградбата на храмот „Св. Наум“
25.08.2014.
 

Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, започна изградбата на нов конак и параклис посветен на Охридскиот чудотворец, Св. Наум во Велес. Овој параклис, кој се гради во непосредна близина на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, ќе биде првиот храм посветен на овој светител во Повардарската епархија. Параклисот и конакот ќе се градат со средства на Повардарската епархија, а за овој значаен и богоугоден проект се замолуваат и сите верници со свои донации да се вградат во неговата изградба. 

 

Sample Image
 
Sample Image   Sample Image

 

Преподобен Наум Охридски Чудотворец

Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од Петточислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски апостоли. Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост. Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро. Додека Свети Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш Свети Наум основаше манастир на јужниот брег на езерото. Тој манастир и денес го краси брегот како што и името на Свети Наум ја краси историјата на словенското христијанство и низ вековите беше извор на чудотворна сила и засолниште за болните и за неволните. Околу Свети Наум се насобра мноштво монаси од сите страни на Балканот. Беше мудар учител, единствен раководител на монасите, одлучен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Неуморно се трудеше и на преведувањето на Светото Писмо и на другите црковни книги од грчки на словенски јазик. Вршеше чуда и за време на животот и после смртта. Неговите чудотворни мошти до ден денес восхитуваат со многубројни чуда, посебно со исцеленијата од тешки болести, особено од лудило. Се упокои во првата половина на 10 век.

 
< Претходно   Следно >