Примање на Света Тајна - Свештенство |
22.11.2007. | |
![]() ![]() На Светата Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот, во чин ѓакон беше произведен свршениот богослов Александар Попов од Кавадарци, а свештенички чин прими досегашниот ѓакон Дејан Димов од Неготино. Во својата беседа, Митрополитот Агатангел ги претстави новиот ѓакон и свештеник пред присутните верници на Литургијата. - На нивата на Македонската Православна Црква, Бог ни подарува две млади сили, кои ќе го проповедаат Неговото Свето Евангелие, ќе ја проповедаат благата вест, веста за спасението на човештвото, веста за воскреснувањето на нашиот Спасител Господ Исус Христос, веста за она што срцето го исполнува со љубов, добрина и милосредие. Нека им е честито и од Бога благословено - истакна Митрополитот Агатангел.
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]()
|
< Претходно | Следно > |
---|