Недела на сите светии |
16.06.2014. | |
![]() ![]() ![]() ![]()
Во Неделата на сите светии, и денот на кој Македонската православна црква го чествува споменот на Св. Еразмо Охридски, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Архиерејска Литургија, во манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино. На Литургијата сослужуваа протоереј Киро Ристов, протоереј Воислав Ѓорѓиев, свештеник Сарафче Иванов, свештеник Игор Пармачки и ѓакон Васил Ристовски. Со празнично слово пред присутните верници се произнесе свештеник Сарафче Иванов. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел благоволи и изврши Света тајна - Крштение и Света Тајна - Брак. |
< Претходно | Следно > |
---|