Света Божествена Литургија во Охрид |
10.06.2014. | |
На 09. 06. 2014 година, во Понеделникот на Светиот Дух, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, архимандритот Нектариј и повеќе свештенослужители. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Агатангел се обрати кон верниот народ со пригодно слово, а Митрополитот Јосиф ги причести верниците, кои се подготвувале да пристапат кон светиот Путир. Овој светол празник беше искористен и за осветување на новата манастирска порта во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид. Осветувањето го изврши Митрополитот Тимотеј, во сослужение на Митрополитите Агатангел и Јосиф, како и на повеќе свештенослужители. Покрај многубројниот верен народ, на осветувањето, заедно со повеќе претставници на Општина Охрид, присуствуваше и градоначалникот на град Охрид, д-р Никола Бакрачески. Откако заврши осветувањето, свештенството и верниот народ, носејќи ја светата икона на преподобниот Наум Охридскиот Чудотворец, со свечена литија се упатија во манастирот, каде се помолија и се поклонија на гробот на светителот. Повеќе информации на сајтот на Дебарско-кичевската епархија . |
< Претходно | Следно > |
---|