Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow За православната вера и живот... arrow Разговор на старецот Амфилохиј Макрис (1889-1970)
Разговор на старецот Амфилохиј Макрис (1889-1970)

Деца мои, не го сакам рајот без вас
 


 

            - Кога ќе видам човек премногу да жеднее за Светата причест, не обраќам многу внимание на постот. Некои луѓе покажуваат такво покајание што треба да им се помогне. Копнежот е најголемо нешто.

- Кога гледаш човек кој духовно е изморен, не му ставај друг товар, бидејќи колената не му држат. Sample Image

- Исповедникот треба да плаче, повеќе да го боли отколку оној што се исповеда, за да му олесни.

- Јас сум беден отец, но чувствувам силна татковска љубов кон вас.

- Деца мои, рајот без вас не го сакам.

Прашање: Старче, откако јасно ќе ги согледате нашите гревови и слабости зошто не ни ги посочувате?

Одговор: За сè се сожалувам за онаа што го гледам како отец, но се надевам дека ќе се поправите. Разоткривам само толку колку е потребно. Поголема полза ќе имаш ако пролееш две-три солзи пред Христос за тоа, наместо да кажуваш многу приказни. Он е нашиот лекар и педагог. Христос е еден, ист и вчера и денес, но ние ги затворивме очите и гледаме темнина. Кога минеме низ тој пат, некои се валкаат, а други се изморуваат.

            - Кога се причестуваш, не само што добиваш сила, туку се просветлуваш, гледаш поголеми хоризонти, чувствуваш радост ... Секој различно се чувствува, зависно каде му е насочен душевниот пламен. Некој чувствува радост и одмор, друг соединување со Бога, друг, пак неискажлива љубов кон сите луѓе. Многу пати се чувствував изморен, но по светата причест, не чувствував замор.

            - Многу пати преку денот доаѓа Христос и чука на вратата, но ти имаш работа.

            - Ако останеш верен на монаштвото, се смета за мачеништво.

            - Христос е близу до нас, дури и кога не го гледаме ... Понекогаш ни удира по некој шамар поради Својата голема љубов.

            - Сакам дете мое да живееш за Христос и целиот да се предадеш Нему. Ако некој го отвори твоето срце, ништо друго не сакам да најде освен Христос.

            - Многу пати доаѓа Христос и чука на вратата, Го покануваш да седне во гостинска соба на твојата душа и ти преокупиран од работата Го забораваш големиот Гостин. Он чека да се појавиш, чека, а кога задоцнуваш многу, станува и си оди. Друг пат си пак зафатен и Му одговараш преку прозорецот. Немаш време ниту да отвориш.

            - Треба да се радуваш. Мајсторското длето Христос го држи во рацете. Сака од тебе да изработи скулптура на небесна палата.

            - Вие сте царски луѓе и сте предодредени за небесната брачна одаја.

            - Засакај Го Единиот, за ѕверовите да те засакаат.

            - За мене вистинското богатство е да ве видам во Царството Небесно.

            - Кога постои љубовниот пламен, тогаш изгорува сè што е лошо што доаѓа.

            - Никогаш не постои промена во оној кој има христијанска љубов.

            - Бидете верни на Христос, за секогаш да постои врска помеѓу вас и вашиот старец, каде и да сте.

            - Сакам да сте спокојни, за да се среќаваме. Ако сте изморени (неспокојни), безжичните врски не работат.

            - Кога нашето срце не чувствува љубов кон Христа, ништо не можеме да направиме. Ние сме како кораб без светло и гориво во резервоарот.

            - Колку човек станува по простодушен, толку повеќе се обожува. Станува незлоблив, смирен, благ, слободен ...

            - Благодатта на Пресветиот Дух прави човек да испушта зраци. Треба другите да имаат добри духовни  рецептори за да ги насетат.

            - За да дојде Божјата благодат на Светата Литургија, треба да сте сосредоточени, да чувствувате мир и да не мислите на ништо.

            - Колку човек го љуби Бога, толку ги љуби и другите луѓе. Ги љуби како Божјите икони, со почитување, нежност и посветеност.

            - Секојдневно се молам да ве видам во редовите на светите жени.

            Прашање: Како успевате да имате таква цврстина и трпение? 

Одговор: Божјата благодат помага. Дете мое, секогаш верувам во силата на Господ, Кој сè променува и устројува на најдобар начин за нашата душа.

- Кога гледате солзи, тогаш Господ ве посетува во молитвата.

- Нерасипаноста е поголема од генијалноста.

- Егоистот никого не привлекува. Дури и ако некој биде привлечен, брзо ќе се оддалечи. Духовната врска постанува неразрушлива, ако се сретне човек со детски дух, нерасипаност и светост. Човек кој го нема Христос во себе, сè му станува тешко и мачно.

- Треба да знаете дека во манастирите едни луѓе ги испраќа Бог, а други ѓаволот. Господ ги испраќа своите луѓе да ги сочува манастирите, а ѓаволот - да ги разруши.

- Ве советувам, никогаш не примајте луѓе со ѕвонот од камбаната или со пофалби. Примајте ги со присвојна љубов. Никогаш не примајте луѓе со мисла дека ќе останат засекогаш, без да ги испитате. Кога внатре во човекот нема внатрешна топлина, тогаш и да е лето ќе му биде студено и ќе замрзне.

- Кога во срцето ни недостига Христос, тогаш ќе го наполниме или со пари, или со имоти, или со луѓе.

- Најпрво да си ја изградиме личноста. Светот сака да види луѓе, кои го применуваат Божјиот Закон. Тие луѓе се реткост во нашето време.

- Засакајте Го со целото свое срце Младоженецот Христос и сите луѓе ќе ве сакаат и ќе се грижат за вас.

- Се надевам дека живеете свето и дека ги следите пишувањата на Отците додека сте уште млади за сите да го достигнете Рајот. Тоа е вашата предодреденост.

- Да не те напушти Светиот Дух, да не излегува од твоето срце.

- Знаеш ли каков мајстор е искушението? Од малку прави многу. Многу е искусен.

- Божјата закрила ги обесилува искушенијата.

- Кога ќе видам неспокоен човек, се молам Господ да го успокои и не го слушам што зборува. Тоа не ме загрижува. А кога ќе се успокои и ми се даде можност, тогаш му зборувам, зашто тогаш е во состојба да ја разбере својата лекомисленост.

- Да се вежбаш во молитва и ќе дојде време, кога срцето ќе трепери од радост во неа, исто како кога ќе видиш некој сакан човек.

- Немој да ја избегнуваш вечерната молитва. Да се молиш исто како оние кои одат на веселба. Тие се будни и радосни. Така и ти, кога треба да разговараш со Младоженецот, да не го слушаш искушението кога ти зборува различни работи за да те попречи, зашто знаеш дека постои Некој кој се грижи за нас.

 

 

 

 
< Претходно   Следно >