Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Освет на камен-темелник за камбанарија

 

Божикен попуст на дел од изданијата на издавачката дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“

 

Sample ImageВозљубени,

на 20.01.2025-то лето Господово, (Понеделник), на денот во кој ќе го чествуваме Соборот на светиот Јован Крстител, ќе се отслужи Света Божествена Литургија во црквата во Велес, посветена на Господовиот предвесник.

На Светата Божествена Литургија, која ќе започне во 08.15 часот, ќе чиноначалствува Митрополиот Повардарски г. Агатангел, во сослужение Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Епископот Стобиски г. Јаков, како и на свештенослужители од градот Велес.

Ќе ни претставува особена чест, доколку со Вашето ценето присуство го збогатите овој семакедонски и сеправославен собор.

 

 
 

 Божикно послание                        Распоред на богослужби

 
Освет на камен-темелник за камбанарија
26.05.2014.
 
Sample Image
 

На 25. 05. 2014 (недела), со благослов на неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештеници од Скопската епархија изврши освет на камен-темелник на камбанарија во црквата „Св. Никола“ во селото Љубанци на Скопска Црна Гора. Митрополитот Агатангел го пренесе благословот на Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и истакна дека камбанаријата ќе биде дел од секојдневието на жителите на Љубанци зашто ќе ги повикува за радост и ќе ги буди за молитва. Камбанаријата е донација од Јохан Тарчуловски со семејството, а на чинот на осветување на камен-темелникот присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канчевска-Милевска и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

 
< Претходно   Следно >