Света Божествена Литургија, село Клисура |
22.05.2014. |
На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на Преносот на моштите на Светиот Никола, Чудотворец Мирликиски, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата посветена на овој светител во демиркапиското село Клисура. На Литургијата сослужуваа свештеници од кавадаречкото архиерејско намесништво, а присуствуваа многумина верници од ова село, како и од Демир Капија, Неготино и Кавадарци. На Литургијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Демир Капија г-дин Трајче Димитриев. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот и свештенослужителите се упатија во дворот на црквата каде беше осветена вода и беа прекршени славските лебови.
|