Осветување на камен темелник на нов конак |
16.11.2007. |
На 16. 11. 2007 год., ден петок, Митрополитот Повардарски г. Агатангел изврши осветување на камен темелник на новите манастирски конаци во Полошкиот манастир „Св. Ѓорѓија“, кој се наоѓа на крајбрежјето на Тиквешкото езеро.
Конаците ќе се градат со финансиски средства од Повардарската епархија
и донации на верниците. Новите манастирски конаци ќе се градат на
местото на остатоците од старите конаци. Полошкиот манастир „Св.
Ѓорѓија“, кој важи за еден од позначајните манастири на територијата на
Повардарската епархија е изграден во 1340 година.
|