|
Недела на Самарјанката, Раброво |
|
19.05.2014. |
|
Во Неделата на Самарјанката се отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. пророк Илија“ во валандовското село Раброво, со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство од епархијата. На Литургијата молитвено присуствуваа верници од село Раброво и околните села, а дел од нив се причестија со Светите Христови Дарови.
|