Божикен попуст на дел од изданијата на издавачката дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“ |
Возљубени, на 20.01.2025-то лето Господово, (Понеделник), на денот во кој ќе го чествуваме Соборот на светиот Јован Крстител, ќе се отслужи Света Божествена Литургија во црквата во Велес, посветена на Господовиот предвесник. На Светата Божествена Литургија, која ќе започне во 08.15 часот, ќе чиноначалствува Митрополиот Повардарски г. Агатангел, во сослужение Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Епископот Стобиски г. Јаков, како и на свештенослужители од градот Велес. Ќе ни претставува особена чест, доколку со Вашето ценето присуство го збогатите овој семакедонски и сеправославен собор.
|
|
Свечена литија (Еордија) во Струга |
8.05.2014. | |
Бог ни е нам прибежиште и сила. Докажан помошник во неволја. Затоа нема да се уплашиме, па макар и земјата да се разниша - ете така пее Црквата, така пееле неизбројните маченици Христови, кои со радост ја прифаќале маченичката смрт, знаејќи дека кој го носи својот крст, тој ќе учествува и во Воскресението Христово. Затоа и нашиот верен народ толку многу ги почитува светите маченици, а меѓу нив особено светиот великомаченик Георгиј. Откако го прославивме неговиот свет спомен, празненството, традиционално, продолжи во Струга, каде свети Георгиј се прославува и денот по Ѓурѓовден. Празнувањето започна во утринските часови, на 07. 05. 2014 година, во храмот „Св. вмч. Георгиј“, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, архимандрит Нектариј, протоереј Темелко Донески, свештениците Никола Христоски, Петре Бојчиноски и Васко Голабоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Васил Ристовски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодно слово, истакнувајќи дека ние како христијани мора да го заслужиме ова име, а во тоа ќе ни помогне примерот на мачениците, а особено на светиот великомаченик Георгиј. Торжествата продолжија во попладневните часови, кога најпрво беа пречекани моштите на светиот великомаченик Георгиј, а потоа беше отслужена и свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Агатангел и многубројното монаштво и свештенство од нашата епархија. По завршувањето на Вечерната, беше осветено Петолебието и беше извршен парастос за сите упокоени ктитори, свештенослужители и за сите оние кои дале свој придонес во градењето на историјата на храмот „Св. вмч. Георгиј“. Откако Митрополитот Агатангел го изговори пригодното слово, сиот народ, кој оваа година се собра во навистина голем број, предводен од свештенството, а наоружан со чудотворната икона на светиот Георгиј и со неговите исцелителни мошти, излезе на свечена литија (еордија) низ улиците на градот Струга, радосно пеејќи и објавувајќи го Христовото Воскресение. Веста е преземена од сајтот на Дебарско-кичевската епархија , кадешто можете да ја погледнете фотогалеријата, а исто така за повеќе информации за овој свет чин можете да го посетите и сајтот на Бигорскиот манастир .
|
< Претходно | Следно > |
---|