


| Оплакување Христово - Велики Петок |
|
![]()
Во храмот „Свето Вознесение Христово“ во Велес, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во вечерните часови на Велики Петок, во присуство на голем број верници чиноначалствуваше со богослужбата на Оплакување на постраданиот и погребан, Спасителот Господ Исус Христос на која беа прочитани Пофални песни на гробот Христов, односно Статии на Велики Петок, а потоа се изнесе светата Плаштаница околу храмот.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|