Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Спомен на Светиот великомаченик Димитрија
9.11.2007.


 

Sample Image

 


 
Sample Image
 
 
    - Денес, на овој голем празник, празникот на Кавадарци, празникот на тиквешијата, празникот на големиот македонски светител Димитриј, во сослужение со митрополитот дебарско-кичевски и струшко-плаошки г. Тимотеј, Му ја принесовме на Бога бескрвната жртва за здравје и спасение на сиот православен наш народ, молејќи му се на вмч. Димитриј да допре нашата молитва до престолот на севишниот Бог и Спасител Господ Исус Христос и да ги услиша сите наши барања.


Сите ние се собравме денес да бараме нешто од Господа. Сите ние се собравме да му се поклониме на светиот вмч. Димитриј Мироточивиот, и да говориме како родителите на заробеното момче, кои цела година клечеа и го молеа свети Димитриј да им го ослободи и врати нивниот син, кој беше заробен. Го славеа и му се поклонуваа на светиот вмч. Димитриј. И се случи чудо, драги мои. Во денот кога го прославуваа големиот празник, исполнети со духовна радост, без да ја изгубат надежта, дека молитвите упатени кон светиот вмч. Димитриј, Бог ќе ги услиша. И навистина ги услиша. На денот кога го славеа празникот на светителот и ги чекаа гостите, светиот Димитриј им го врати синот во нивниот дом. Се случи чудо! И затоа ве молам, од длабочината на вашите срца, молете му се на светиот чудотворец за да ги исполни вашите молитви.

Светителите се наши застапници пред престолот Божји, наша врска со Бога. Речиси никогаш не сме достојни да го повикуваме името на Господа. Но затоа, тука се нашите светители, нашите молитвеници кои имаат смелост пред Бога да се молат за нас.

Ви благодарам што се собравте денес во толкав број да го прославиме заедно овој светител, му благодарам и на неговото високопреосвештенство Тимотеј на браќата свештеници и на сите што денес соборно почувствувавме дека Христос е добар, благ, човекољубив, дека нè милува сите нас. Молитвите кои од срце му ги упативме на свети Димитриј нека ги услиши Бог и да нè исполни со духовна радост, мир, љубов, добрина, милосрдие.

На оние кои го слават овој празник или го носат неговото име нека им е честито и од Бога благословено.

Господ да ве благослови. Амин.

Ова е дел од беседата на Митрополитот Повардарски г. Агатангел изречена на Божествената Литургија,  која во сослужение на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, ја отслужи на големиот христијански празник посветен на Светиот великомаченик Димитрија, во храмот  во Кавадарци посветен на  овој светител. На Божествената Литиргија присуствуваа голем број на верници од Кавадарци и од неговата околија, кои традиционално секоја година молитвено му се поклонуваат на Светиот великомаченик Димитрија и го молат за застапништво на нивните души пред престолот на Господ Бог. На литургијата верниците се причестија со Телото и Крвта Христови, а потоа Митрополитите Агатангел и Тимотеј осветија вода и ги прекршија славските колачи.


Митрополит Тимотеј

 

      Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

 

                  Драги браќа и сестри,

      Светата Христова црква чествува спомен на многу свети мажи, кои му угодиле на Бога. Тие уште додека биле живи биле блиску до Него, а откако се одделиле од земјата, уште поблиску се до Бога. Додека биле на земјава биле носители на Божествената светлина, напуштајќи го овој свет со многуте подвизи, вера и богопредаденост, постанале жители на царството на светлината. При животот биле синови на светлината, затоа и Отецот на светлината ги примил во Своите небеса, да бидат светли ѕвезди за нас. За време на животот се молеле на Бога за луѓето, а и досега се наши молитвеници и застапници пред Него. Во нивните животи има нешто што е општо и суштествено, а тоа е желбата да бидат богоугодници. Таков е и денеска свети Димитриј Солунски на кого светата Црква споменот му го чествува.

      Но, да се задржиме на поуката за нас од богоугодниот живот на светиите, зашто и ние треба да постанеме богоугодници. Кои се богоугодници? Да се угоди на Бога е должност на секој христијанин, зашто кој не се стреми да ја исполни Божјата волја, отпаѓа од неа за да си угоди на сопствената или, пак на некоја туѓа волја. За да угодуваме на сопствената волја, најчесто значи да се движиме по расположенијата на нашите човечки и земни задоволства. Многу нешта сакаме и се стремиме кон нив, дури и кога не ни се корисни. Угодувајќи си на себе, ние не постигнуваме никакво корисно добро, а обично отпаѓаме од законите на доброто и од патиштата кои би не извеле на вистинските вредности за нашиот живот.

      Ние треба да правиме добри дела и на луѓето и на себе си, кога се раководиме од едно правило, дали во исто време Му угодуваме и на Бога? Нека си угодуваме на себеси, нека угодиме на сите, што ги сакаме, да им угодиме и на тие што не се од најблискиот круг што ги сакаме, и на оние што не н# сакаат. Но секогаш тоа да биде истовремено и угодување на Бога. Сето тоа да го правиме ако угодно, пред с# na Boga.

      Светителите ги сакале луѓето, им помагале, затоа што тоа било и на Бога. И ние треба да правиме с# на луѓето, доколку е мило на Бога, доколку одговара на Божјата волја за доброто, за љубовта помеѓу луѓето. Ние знаеме од Светото Писмо, дека без вера не е можно да се угоди на Бога. Верата н# учи што е добро а што е лошо, таа н# упатува во доброто. Верата ни покажува која е вистинската Божја волја, таа н# поставува на целите кои произлегуваат од неа, на патот кон остварување на доброто и оддалечување од злото. Верата ни ја открива Божјата волја во нејзината чистота, длабочина и возвишеност. Преку верата ние ја примаме Божјата волја како закон на нашиот живот, но закон кој треба длабоко да се доживее.

      Без вера не е можно да се угоди на Бога, но само со вера која е проникната од љубов кон Бога и луѓето. Само таква вера може да н# изведе на патот на богоугоден живот. Ние знаеме што ќе ни каже верата, проникната од љубов кон Бога и луѓето. Таа ќе ни рече да го следиме во с# законот Божји, кој ни го открил Исус Христос, Исполнителот на Божјата волја.

      Да правиме добри дела од љубов кон Бога и луѓето - тоа значи дека сме богоугодници. Некој ќе рече во што се состои Божјата волја и заповед за љубов кон луѓето? Повторно да се вратиме кон мислата, искажана на самиот почеток на моето обраќање: да им помогнеме на луѓето во с#, пазејќи го нивниот живот, нивното духовно, материјално и општествено добро, а при денешни услови на животот, да им помогнеме да живеат во мир, бидејќи без мир земниот живот е многу тежок, дури и неподнослив. Ако, пак, се разгори огнот на братоубиство, ако се разгори пожар на борба во светот, тогаш сите богатства се уништуваат и тешко на луѓето! Затоа сите треба да се молиме и да работиме за мир насекаде во светот. Тоа, се разбира, само од себе дека најнапред треба да имаме мир во нас и во нашите взаемни односи. Јас и ти треба да живееме во мир, браќата треба да живеат во мир, децата и родителите треба да живеат во мир, насекаде треба да има мир. И така мирот како едно длабоко доживување на нашите срца, да се излива и надвор во односите помеѓу луѓето. Ние, децата на Црквата, треба да сме носители на несекнатиот, благословен и создаден мир за сите луѓе.

 

08. 11 2007 година                                              црква „Свети Димитриј“

                                                                                  Кавадарци

         

Sample Image
 
 
  Sample Image
 
  Sample Image
 
 Sample Image
 
Sample Image
 
 Sample Image
 
 Sample Image
 
 Sample Image
 
Sample Image
 

 

 

 
< Претходно   Следно >