Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Осветување на крст во село Оморани
5.11.2007.
Sample Image
 
Sample Image
 
На 04 ноември, ден недела, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенство од велешкото намесништво на епархијата изврши осветување на Крст. Крстот е изграден во велешкото село Оморани, а неговата големина и освелувањето придонесуваат за негова видливост и од повеќе села кои се наоѓаат во непосредна близина на селото Оморани.

    

 
Sample Image
 
 Sample Image
 

 

    Пред да го освети Крстот, Митрополитот Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Константин и Елена“ во село Оморани. На литургијата и подоцна на чинот на осветување, присуствуваа речиси сите жители на селото Оморани, жители на околните села, како и многу верници кои се со потекло од овие села, а живеат во други градови во Македонија.

 

Sample Image
       
Sample Image
 
Sample Image
 
Градител на крстот е г-дин Миновски Милан, жител на селото. Крстот е висок околу 6 метри.

 

 
< Претходно   Следно >