Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Примање на Света Тајна - Свештенство
Примање на Света Тајна - Свештенство
18.11.2013.

 

Sample Image

 

Sample Image На 17. 11. 2013 година, во храмот посветен на светиот великомаченик Димитриј Мироточив во Валандово, се отслужи Света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше митрополитот Повардарски г. Агатангел. На Божествената Литургија сослужуваа свештенослужители од сите намесништва на Повардарската епархија. На Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и ја положи својата рака врз главата на досегашниот ѓакон, дипломираниот теолог Блаже Петров од Кавадарци, со што клирот на Повардарската епархија беше збогатен со уште еден свештеник. Во своето слово, Митрополитот Агатангел најпрво им го претстави новиот свештеник на присутните верници, а потоа изрече поука до новиот свештенослужител пред Престолот Божји, ревносно и совесно да ја чува и проповеда Православната вера и верно да Му служи на Господ Исус Христос и на својот македонски род.

Со празнична беседа, пред насобраниот народ во црквата се обрати протоерејот Миле Штрбевски. Поголем број од верниците кои молитвено ја проследија Литургијата се причестија со Светите Христови дарови.

 
< Претходно   Следно >