Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Светска конференција за меѓурелигиски дијалог - Охрид
29.10.2007.

Sample Image
 

    Изминатиот викенд Охрид беше домаќин на околу 200 највисоки претставници од сите поголеми светски религиски заедници, кои  дебатираа на Светската конференција за меѓурелигискиот и меѓуцивилизацискиот дијалог, на темата „Придонесот на религијата и културата за мирот, заедничката почит и соживот“.

Главната порака што се испрати од Охрид е дека преку соработка и дијалог меѓу различните религии треба да се изгради еден подобар и помирен свет. На отворањето, меѓу другите, зборуваа и премиерот Никола Груевски и поглаварот на МПЦ, архиепископот г.г. Стефан.

 

Sample Image
 
 

 

„Ние не сме тука за да си проповедаме едни на други или да се преобразуваме. Ние сме тука за да зборуваме, да разговараме и да видиме каква заедничка основа имаме меѓу себе“, рече Никола Груевски, премиер на РМ.

„Вселенскиот патријарх Вартоломеј при една пригода рече: Политиката го достигнува можното, но верата може да го направи и невозможното“, вели г.г. Стефан, поглавар на МПЦ.

На маргините на Светската конференција во Охрид меѓу интелектуалците, претставниците од културата и верските лидери се дебатираше за тоа дали една ваква конференција може да промени нешто во светот или, според експертите, тоа подобро би можело да се направи со еден директен дијалог или дури и спротивставени дискусии, наместо само со декларативни заложби.

 

Sample Image
 
 Sample Image
 
  Sample Image
 
 Sample Image

 

Со усвојување заедничка Декларација за унапредување на дијалогот и взаемното разбирање меѓу религиите и цивилизациите од сите, над 200, духовни водачи и претставници на поголемите верски заедници од 40-ина држави, во Охрид заврши Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог.

Верските лидери се заложија за зацврстување на заедништвото во светот и осигурување на неговиот опстанок и напредок, втемелени врз взаемна почит и уважување, за развивање на дијалогот меѓу различните вери, култури и цивилизации засновано врз љубовта, но и образованието, со мобилизација на политичките, духовните лидери и интелектуалците.

Следната Светска конференција за меѓурелигискиот и меѓуцивилизацискиот дијалог ќе се одржи во 2010 година во Охрид.

 

Архиереи од православни цркви присуствуваа на литургија на МПЦ



 

Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан во катедралниот храм „Света Софија“ во неделата отслужи литургија на која присуствуваа архиереите на православните цркви од Русија, Србија, Бугарија, Финска, Албанија и Чешка.

По првпат толкав број архиереи од повеќе помесни цркви од други земји присуствуваа на литургија на МПЦ.

 
< Претходно   Следно >