Семакедонски православен Собор во Битола |
15.10.2013. |
Во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Битола, на празникот на Сите македонски светители се одржа осмиот по ред Семакедонски црковно-народен собор. По тој повод се отслужи Света Божествена Литургија на која чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение на Митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот кумановско-осоговски, епископот хераклејски г. Климент, како и бројни свештенослужители и ѓакони од сите епархии на МПЦ.
|