Одбележување на два значајни јубилеи |
30.09.2013. | |
На 29 септември 2013 година, во храмот Рождество на Пресвета Богородица - Скопје се отслужи Света Архиерејска Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан во сослужение на архиереите на Светиот Синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Во денот кога се празнува споменот на светата великомаченичка Ефимија, преподобен Доротеј и светата маченичка Људмила; МПЦ – ОА ги возвелича јубилеите: 1700 г. од Миланскиот едикт на цар Константин со кој се прогласи слобода на исповедувањето на Христијанската вера и 1150 г. од почетокот на Моравската мисија на сесловенските учители Кирил и Методиј. На 28 септември 2013 г. (сабота) со почеток во 17:30 ч. во Архиепископскиот соборен храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје се одржа Вечерна богослужба со која началствуваше Неговото високопреосвештенство Митрополитот Преспанско- пелагониски и администратор австралиски господин Петар во присуство на Неговото блаженство Архиепископот г.г.Стефан, архиереите на Светиот синод, гости од христијанските и други заедници, дипломатски и претставници на државните институции и броен верен народ. Преземено од: Преминпортал
|
< Претходно | Следно > |
---|