Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Осветување на црква во Серменинскиот манастир
 
Sample Image
 
    
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 
Осветување на црква во Серменинскиот манастир
23.09.2013.

 Sample Image

 

Sample ImageНа 22. 09. 2013 година, Митрополитот Повардарски г. Агатангел ја освети црквата „Св. пророк Илија“ во новоформираниот Серменински манастир. На чинот на осветување на манастирската црква сослужуваа протоереј Миле Штрбевски, протоереј Трајко Мојсов, јеромонах Прохор, јеромонах Атанасиј, протоѓакон Влатко Стоименов, јероѓакон Паисиј и јероѓакон Виктор. По чинот на осветување на црквата, се отслужи и Света Божествена Литургија. На чинот на осветувањето и на Литургијата молитвено присуствуваа голем број верници од Гевгелија и околните места. Митрополитот Агатангел во своето празнично слово го потенцираше непроценливото духовно значење и возвишеност на монашкиот позив и мисија и изрази надеж дека новоформираната монашка обител ќе биде изворот на жива вода од којшто духовно ќе се насладуваат верниците кои ќе го посетат овој манастир.

 
< Претходно   Следно >